Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за Босна и Херцеговина.

Тој додаде дека Австрија на ниво на ЕУ ќе се залага за тоа. Нехамер истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.

– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.