Ќе имаме ли нова епизода од шоуто наречено Зоран Заев контра Зоран Заев?! Поранешниот премиер познат по менување на сопствените изјави и одење против самиот себе стана мета на мајтап на граѓаните на социјалните мрежи. Да се опкладиме колку лаги ќе каже Заев денеска… Дали и денеска самиот ќе се демантира, дали ќе го слушнеме добро познатото „јас сум кажал такво нешто?! Јас не се сеќавам дека сум кажал такво нешто…“ 

На Зоран Заев секој ден му е Први Април… За секоја негова изјава после има едно априлилили. Изгледа ја сфатил обратно работата – лажи цела година, но на 1 април не…

 

 

Кој го уби Младенов, кој ги уби децата од Смилковско Езеро…

Со така наречените бомби кои Заев ги користеше за манипулација со гласачите, се разнесе самиот себе. Велеше дека ќе открие кој го уби Никола Младенов, за потоа, лично сопругата на Младенов да каже дека се работи за сообрачајна незгода.

Револтирани се семејствата на невините момчиња убиени кај Смиљковско Езеро. Им ветуваше дека ќе ја дознаат вистината за смртта на нивните чеда, ќе им открие завери, но само им ја продлабочи и онака големата болка. На крај рече – не се сеќавам дека сум кажал нешто, како и, јас само кажам муабети кои сум ги слушнал…

Истата приказна ја имавме и со Мартин Нешкоски.

Се колнеше во жицата, го продаде името

Познат по своите изјави за промена на уставното име на Република Македонија. Секој ден нова изјава. Се чудиш дал тој лаже или ти си полудел. Можно ли е еден човек да излезе со 10 различни ставови да го кажале сето тоа. .

„Додека ме држи памет нема да дозволам промена на Уставот“, рече Заев.

Денеска уставот е променет.

На прашање дали доколку СДСМ дојде на власт може да дојде до промена на името, тој одговори:

„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи“. Дали веќе не дише или веќе децата не му се родени во Македонија?

„Ако пуштите ветришта во жиците кои влегуваат во мојата куќа, ќе го барам и ќе го најдам чаерето. Можете да правите што ви душа сака со сите важни и неважни жици во мојот живот. Но како Господ Ве молам…НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“. Очигледно откако Заев го смени уставното име на Република Македонија, сам си ја скина жицата и  сега тој е изгубен во времето и го бара семето одејќи по жица.

Господар на Лагите – така професорката Билјана Ванковска го нарече Заев. Со право.

Изјавите константно ги менуваше и за добивање на датум за преговори со ЕУ.

Да се потсетиме и на видеото:

Еве предизвик за Забрчанец 😬Колку лаги на метар кубен има во клипчево ? 🤣

Gepostet von Зоран Ристески Македонец am Montag, 28. Oktober 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.