Резултатите на двете лица кои беа тестирани вчера за коронавирус се негативни, а од утрово е тестирана уште една жена за која се чекаат резултатите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Резултите за двајцата пациенти од вчера се негативни. Негативен е резултатот и кај возачот кој го упраувал комбето со кое се превезувала пацинетката кај која е утврден коронавирусот, кој пак и понтаму ќе остане во домашна изолација се до 14-от ден кога завршува инкубацијата, а после лекарите ќе одлучат дали пвоторно ќе се тестира. Негативен е тестот и кај лицето кое се јавило преку виничкиот Здравствен дом и се тестирал на штипското инфективно одделение, а кој избега вчера и замина дома, појасни министерот Филипче.

Жената која денеска се јавила со симптоми била во регионот на Северна Италија и пристигнала во земјава на 26-ти овој месец без симптоми. Пристигнала со индивидуален превоз со уште еден член од семејството. Утрово со симптоми се пријавила на Инфективната клиника, изолирана е согласно процедурите и во текот на денот се чекаат резултатите.

Во карантин се четири лица и оние девет кои патуваа со пацинетката која е на Инфективната клиника и ке во добра општа состојба и втор ден нема температура.

Информациите со кои располагаат во конзултатот во Италија е дека нема македонски граѓани кои живеат во северниот регион заболени со коронавирусот и дека некој е во карантин, но не се знае и точната бројка на оние што доаѓаат од овој регион во земјава.

Утрово разговарав со конзулот во Северна Италија. Немаме податоци дека имаме заболени наши во Северна Италија или наши во карантин. Конзулот ме информираше дека треба сите што планираат да патуваат од тој регион да го контактираат и тој да најави во земјава. Тука дојдоа неколку комбиња и автобуси, но не може да бидеме сигурни дека сите се најавуаат. Има одредена бројка кои се најавени, но има и некои кои не се најавуваат, но процедурите важат за сите, истакна Филипче.

Упати апел до сите да ги почитуваат советите. Доколку немале симптоми, а потоа развиле да се јават на некои од броевите во центрите за јавно здравје за да не шетаат во здравствени установи, а во инфективните одделенија имаат одреден проткол како се пречекуваат.

Во однос на оние за кои е одредена изолација упати апел да не креваат паника, бидејќи тоа е за нивно добро, за доброто на ивните членови на семејството, за сите луѓе во непосрдна близина, затоа што така се чува здравјето на сите.

За препораката за откажување на јавни собири, рече дека апелот важи за сите, особено за оние каде се собираат голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.