Резултатите од тестовите за коронавирус на сите лица од Кавадарци кои биле во контакт со заразените сопружници се негативни, информираше денеска директорот на ЈЗУ Кавадарци, д-р Диме Коцев.

Ја информирам јавноста дека во нашиот град се регистрирани два позитивни случаеви на вирусот, се работи за сопружници, од кои жената е вработена во нашата установа како психијатар. Тие се во стабилна здравствена состојба и се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје. На сите вработени и пациентите од невро-психијатриското одделение, кои биле во контакт со овие лица им се земени брисеви и резултатите се негативни. Во овој период на невро-психијатриското одделение не се вршат прегледи и прием на пациенти. Сите останати амбуланти и одделенија во болницата работат нормално, информира Коцев, кој додаде дека инвентарот и просториите во ЈЗУ Кавадарци се дезинфицирани.

Сепак, овие лица остануваат во самоизолација поради дополнителна сигурност во период од 14 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.