Компанија во косопственост на претседателот на огранокот на ДУИ во Охрид и член на општинскиот совет, Нефи Усеини, годинава добила концесија за експлоатација на варовник во локалитетот Климештани за период од 30 години, објави „Фокус“.

Станува збор за друштвото регистрирано за вадење на чакал и песок со назив „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, кое, според податоците од Централниот регистар, е во сопственост на Усеини, кој воедно е и управител на друштвото, додека вториот косопственик е албанскиот државјанин Албин Папа.

Инаку, оваа компанија е формирана на самиот крај на 2017 година, или нецела година пред да биде донесена владината одлука за започнување на постапка за доделување на предметната концесија и речеиси една година пред да се објави јавниот повик, во кој како главен критериум за доделување на концесијата се определува понудениот концесиски надоместок.

Во име на владата, Министерството за економија предводено од Крешник Бектеши во јули годинава склучило договор „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, откако оваа компанија била единствен учесник во постапката, во која доставила понуда во износ од 1.229.900 денари или околу 20.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.