Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов наместо на задача, на кафанска маса. Додека Кочани гори, и градоначалникот и жителите молат за помош, Ангелов во Крушево се забавувал со музиката на Влатко Стефановски.

Бројни граѓани објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи кои ја покажуваат сериозноста на ситуацијата. Ние објавуваме фотографија од несериозноста на директорот на ЦУК.

 

Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.