Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска не го криеше заедоволството од постигнатиот договор со МОН околу покачувањето на платите на просветните работници, кое ќе започне од почетокот на наредната година.

„Денеска ја имавме последната рунда на преговори. Разговараме околу најавеното зголемување на плати. Нашето барање беше прифатено од МОН. Во изминатиот мачен период имавме тешки преговор, но ова е нов почеток на нови рунди-преговори и денес отворивме нови дополнителни прашања. Не значи дека и во иднина платата ќе остане 10 отсто“, истакна Неделков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.