Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден и го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање, објави на официјалниот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кого тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, вели Заев.

Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден!

Го задолживме Министерството за труд…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 3 November 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.