Криењето и заплашувањето да не излезе информација во јавноста за состојбите во модуларните болници ги надминува сите човечки аспекти.

Извори од тетовско зборуваат за нечовечко замолчување на сведоците на пожарот во којшто загинаа 14 пациенти. Јавноста се уште не го знае комплетниот список на жртви, ниту пак на лицата коишто беа во животозагрозувачка опасност од пожарот во Тетово.

Сепак, по сведочењата на пациенти и нивни роднини за барањето мито, за негрижата, за нечовечкиот однос во болниците, заканите не сопреле само кај оние коишто гласно проговореа. Извори пренесуваат дека нема семејство коешто не добило закана, или обид за контакт од режимот.

Употребените зборовите коишто се прераскажуваат го надминувале незамисливото. Тактиката е незамислива за било кое хумано општество, особено не за држава кандидат за членка на ЕУ. На семејствата им било забранувано да ја говорат вистината. Биле упатувани и уверувања дека за оние преживеаните од пеколот, а сега сместени по други болниците, ќе прекинела грижата. Не била пропуштена и приликата ,а закана дека ќе следува лош третман и негрижа доколку било кој од семејството заболи од вирусот.

Не било заобиколено и дека самиот контакт со болниот за којшто требало самите да се грижат ги доведува во положба на зараза и дека средбата со “судбината” била неминовна. Нехуманиста на режимот секој ден се надминува себе си.

Во одбрана на министер кому му изгоре болница полна со пациенти, којшто на душа има 14 починати во пожар, којшто е вимовен за несоодветни протоколи во истата болница, сега врз истрауматизираните семејства се врши дополнителен притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.