Не знам дали Катица сама си ги пишувала писмата, адвокат не може да ги прошверцува

Македонија 22.11.2019 / 20:36

Во вечерашната емисија „Само Вистина„ министерката за правда, Рената Дескоска изрази сомневање за тоа дали Катица Јанева самата ги пишувала писмата со кои се префли надлежноста на предметите на СЈО на Јавното обвинителство.

Имено Јанева на 04.09.2019 испрати писмо со кое нареди сите докази и бомби да му бидат предадени на јавното обвинителство односно кај Љубомир Јовевски, што тогаш ЈО го прифати писмото како официјална наредба и постапи по истото.

Јавноста тогаш шпекулираше дека писмата можеби и не се напишани од Јанева при што тогаш нејзината адвокатка Ирена Фрчковска кажа дека Јанева е во тешка физичка и психичка состојба

Катица Јанева си контактирала со нејзините адвокати, а колку што знам постапката на префрлањето на писма одело преку судија којшто е надлежен значи вие не можете како адвокат да прошверцувате писма од обвинет човек, него тоа писмо мора оди преку надлежен суд така што моите информации се дека таа постапка си е изведена, а кој како си ја организирал, јас не сум видела дали таа си ги пишувала тие писма или не, кажа Дескоска во своето гостување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.