Доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија.

Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува таа на Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.