Украинците во земјава, како и граѓани кои ја поддржуваат Украина, организираа протест пред Руската амбасада во Скопје поради воената акција на Русија врз Украина.

Тие од плоштадот „Македонија“ преку скопските улици чекореа кон руската амбасада.

Ние, Украинците во Македонија, излегуваме на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина – порачаа организаторите на протестот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.