Фрапирана сум од изјавата на Министерот за надворешни работи, г-дин Димитров, дека македонскиот јазик кои го зборуваат граѓаните на Република Македонија, нема никаква врска со јазикот на грчките македонци. Поминаа 24 часа, а се уште никој не го демантирал ова тврдење, реагира кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Се прашувам, ако е навистина така, на кој јазик зборувале претците на Димитров со потекло од Егејска Македонија? На јазик различен од тој што тој го зборува денес ? На кој јазик зборувале и моите и претците на илјадници други Македонци кои живеат во Република Македонија, а своите корени ги влечат токму од Егејска Македонија?! Не во наше име господине Димитров!, додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.