Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот собир Обнова на Македонија, што се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје, порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во 4-годишниот мандат ќе вложи не помалку од една милијарда евра за заштита на животната средина.

Да ни дишат најмилите чист воздух. Проекти во енергетската ефикасност и брза, експресна гасификација на Македонија. И не можам да ви ветам дека дека веднаш ќе почне да дува чист аплски воздух, тоа е невозможно. Но можам да ви ветам најмалку педесетина проценти почист амбиентален воздух. 

Нагласувајќи дека не етува брда и долини, туку единствено проекти што може да ги исполни во еден мандат, Мицкоски пред шестилјадитната публика вети инвестиции во образованието, здравството, спортот, културата, посебни мерки за земјоделците, врќање на стариот модел за пензионерите.

Инвестиции во образованието за најмладите, од претшколска возраст, за студентите реновирани студентски домови, најмалку еден универзитет на Шангајската листа, во вредност од не помалку од една милијарда евра во образованието, кое е најважно за иднината на државата. Не криминални тендери во здравството, не криминални тендери за замислени клинички центри. Нови болници и реновирани амбуланти. Клинички центри според потребите на граѓаните, повеќе од 2 милијарди евра во еден мандат инвестиција во здравството и во медицинскиот кадар. Да не не ги полниме клиниките во Европа и во светот со нашите доктори, туку тука да останат во македонија и да ги лекуваат македонските граѓани. 

За земјоделците подготвуваме специјален пакет: редовна исплата на субвенциите, загарантиран откуп, неколку стотици милоини евра инвестиции во земјоделието.

За пензионерите враќање на стариот модел што им го укинаа Зоран Заев и Мила Царовска. Раст на пензиите според порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата двпати годишно. Се обврзуваме дека ќе го направиме тоа. За бизнис-заедницата, за оние кои денеска се жртва на рекетот, притисоците, заканите и уцените на најбогатото семејство на Балканот – враќање на рамниот данок и сукцесивно намалување по половина процент секоја година. Повеќе од половина милијарда евра назад во бизнисот, па повелете инвестирајте, вработувајте. Никој нема да ве уценува, никој нема да ве рекетира. За секој таков случај, мојот телефон ви стои на располагање, пријавете. За неправдата нема компромис. 

Спортот и културата како државен прокет. Да се радуваме на големините на ракометните имиња, на европскиот шампион, на РК Вардар. Да се радуваме на одбраните на министерот за одбрана Борко Ристовски, да се радуваме на головите на Кирил Лазаров, Да се радуваме на успесите на кошаркарската репрезентација. Да се радуваме на спартанците, на одбојкарите. Да се потсетиме на боксерите, на олимписките медали, на медалите од европските и светските првенства, на светската титула на Јака Бучим во борење, на шампионската титула на Шабан Трстена, 

Македонија во која ќе се радуваме на светско или европско фудбалско првенство, исто како што се радувавме на голот на Артим Шакири кој сите го паметат, или головите на Пандев и Панчев.

Македонија во која ќе се радуваме на нови успеси во борењето како што тоа го правевме 96тата кога Бучим Јака стана светски првак, и претодно ги паметиме гладијаторските битки на еден Шабан Трстена. Да се потсетиме на успесите на боречкиот клуб Баргала од Штип. Спортот како државен проект заедно со култирата. Да се врати успехот на ФК Вардар. Поддршка на сите останати спортски клубови. Да помогнеме конечно фудбалската репрезентација да се најде на европско и светско првенство.

На Македонија ѝ недостасуваат вакви радости, ваква надеж која ќе ја донесеме, заедно и силно. Придружете во овој бран на промени и верба во принципи. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, сиромашни и богати, работници, земјоделци, стопанственици, учителки, наставници, лекари, патриоти да застанеме заедно зошто само така ќе ја донесеме обновата, повика тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.