Со македонскиот „зелен пасош“, сепак, не може да патувате секаде. Документот кој е потврда за целосна имунизација и кој важи за патување во Европа, не значи и гаранција дека ќе може да влезете во одредена земја.

На вакви проблеми се пожалија граѓани кои при влез во Данска беа вратени, зошто тамошните власти не ја признавале вакцината „Астра зенека“ која се аплицира во Македонија. Иако вакцините од „Астра зенека“ се признаени и од ЕМА и ЕУ како вакцини со кои е дозволен влез, сепак, за Данска има разлика од вакцина до вакцина.

Патничката која го сподели немилото искуство советува за да избегнете проблеми доколку патувате во Данска, а сте вакцинирани со „Астра зенека“, да направите и ПЦР тест за секој случај.

Од Министерството за здравство кратко одговараат на прашањата зошто баш од Македонија не се признава оваа вакцина и има ли разлика во вакцините „Астра зенека“ кои ги примаат македонските граѓани со останатите (можеби различен производител или друга причина).

Производствени погони за вакцината „Астра зенека“ има во повеќе земји и истите се дистрибуираат насекаде во светот. Секоја земја има сопствени препораки за влез на нивна територија, велат од МЗ за „Република“.

На проблеми со влезот и функцинирањето низ Франција, пак, се пожалија патници со вакцинален сертификат од Србија.

Апаратот кој го чита баркодот кој е вакциниран, а кој не, во Париз не може да го вчита нашиот зелен сертификат издаден во Србија. Еве во Париз не можам никаде да влезам, иако имам сертификат за вакцинација. Оваа ситуација доведува во проблеми многу наши државјани. Не можеме да влеземе во продавници, ресторани, метро, апсолутно никаде, вели патник за „Блиц“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.