Бугарија, која во периодот од април 1941 година до септември 1944 година била сојузник на Третиот Рајх (дел од нацистичко-фашистичката оска), е окупатор на територијата на денешна Македонија. Не треба да се премолчат ни нивните окупаторски години, од 1941 до 1944 година, “Никогаш и од никој“, дециден беше претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев при неговото вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Времето не дозволува, па затоа ќе спомнам само два факта (се разбира, има многу повеќе) за коишто не треба ниту да се помисли да се преговара за влез во ЕУ, факти кои се подржани од современата светска славистика и светска историографија.

Прво, македонскиот јазик има повеќе вековна традиција, формиран е многу пред формирањето на државата Македонија, и се зборува надвор од границите на денешна Македонија. Второ, државата Бугарија, која во периодот од април 1941 година до септември 1944 година била сојузник на Третиот Рајх (дел од нацистичко-фашистичката оска), е окупатор на територијата на денешна Македонија на која најголемиот дел од населението , на денот на окупацијата од Бугарија, се чувствувале како Македонци. Не треба да се премолчи дека, по септември 1944 година, Бугарија била дел, во период од осум месеци, од антифашистичката коалиција, но, не треба да се премолчат ни нивните окупаторски години, од 1941 до 1944 година. Никогаш и од никој, истакна Коцарев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.