Премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на Софија, утрово се сретна со раководството на партијата ГЕРБ и со нејзиниот претседател Бојко Борисов.

Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Борко Борисов. Разговаравме дека е многу важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат, напиша Заев на „Твитер“.

Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи престојуваат во работна посета на Софија со цел да се интензивираат напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.