Политичаката партија ВМРО-ДПМНЕ инсистира на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, посебноста на македонската историја, заштитата на македонските национални малцинства.

Ова се јасни црвени линии при преговорите со Република Бугарија, од кои нема отстапување, нема назад. Ние заслужуваме сигурна иднина, но и сочувани корени. За тоа не смее да има компромиси, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по протестот што трети ден се одржува под мотото „Доста е, Излези за Македонија“.

Протестите се одржуваат во 10 градови, а против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Во Скопје протестот се одржа на три локации: крстосница пред Градска болница, крстосница пред ТЦ Мавровка, крстосница пред НИП Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.