А бе како им верувате после сите шарени лаги, прашува актерот Сашо Тасевски обраќајќи му се на членството на социјалдемократите. Коментирајќи ја последната извртена вест од таборот на СДСМ и провладините медиуми дека „самото отсуство на дополнителни објаснувања или фусноти во предлог преговарачката рамка (стои Macedonian) се толкува како чин на признавање на македонскиот јазик на ниво на Европската Унија што во иднина ќе биде и нејзин официјален“, Тасевски вели – не сме овчички.

Не сме овчички. Затоа без лажни вести дека македонскиот јазик станал официјален во ЕУ. Тоа ќе стане кога ќе нè примат. Вака, пак лажете, ама сушите.
Вие барем се самоименувате како борци против лажни вести. Немојте вака
А бе како им верувате после сите шарени лаги?
Ова на членството на социјалдемократите се однесува, порача Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.