Загриженост, неизвесност, стрес. Вака им поминуваат деновите на лицата што користат боледување, родителите што се на породилно отсуство, како и останатите лица што своите основни средства за живот ги чекаат преку државната каса.

Граѓаните се бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат. Ги убива, велат, не само доцнењето, туку и неконзистетноста на ислатите, кои некогаш се исплаќаат на средина, некогаш на крај на месец, некогаш, пак, ги нема и по два месеца, па не можат ни да планираат кога би го имале следниот прилив.

Плата законски се зема до 15-ти, а боледувања кога, реагираат граѓаните, прашувајќи „Кога ќе ви текне ќе исплатите боледување?“

Не сме битни ние што сме на боледување, па нека си течат камати на рати на пр, суплеметни и лекови не мора да се купат кој не е*е, храна ние нема потреба да конзумираме ние сме на боловање! Еј не сте свесни колкави гревови правите! Удирате по најосетливите!  Па да вие само така знаете! Избори праевте со наши пари и на крај ги потрошивте парите и за најосетливата група? СРАМОТА!!, реагираат на социјалните мрежи.

Со дополнителни проблеми се соочуваат и оние што отсустваат од работа поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, а кои поради корона-кризата остануваат дома до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.

Тие сè уште се дома, не можат да работат зошто градинките сè уште се затворени, и се оставени на милост и немилост на Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив има и самохрани мајки на кои ова им е единствениот приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.