Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис.

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата за СДК.мк потврдуваат дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија.

Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Официјалниот сервисер е во Нирнберг. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела, изјавил директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески.

Во провладините медиуми беше пренесено дека Пендаровски и Заев летаат со комерцијални летови за да заштедат. Ниту од Кабинетот на претседателот ниту од прес-службата на Владата не ја кажаа вистинската причина и не ги демантираа медиумите дека не се работи за штедење, туку дека авионот не е тука.


Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.