Факт е дека има заразени лекари, но мора да одговорите од каде се заразени тие лекари, вели техничкипт премиер Оливер Спасовски, коменирајќи го недостигот од заштитна опрема за медицинскиот персонал.

Најголемиот дел од нив не се заразени од болница и од контакт со пациенти. Погледнете ги од каде се заразени, колку се заразиле од тоа што пристапиле кон пациенти, а од тоа што биле во контакт со директори на компании кои биле заразени, кои оделе во странство, биле неодговорни и го ширеле вирусот, рече Спасовски игнорирајќи ја забелешката на новинарот дека дел од доктороте биле во контакт и со ексдиректорката на Кожна клиника, Нина Цаца Биљановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.