Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на Амбасадата на САД, јавува СДК повикувајќи се на извори од судот.

Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во кое Бејли предупредил дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите.

Писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Владата на САД има инвестирано речиси 30 милиони долари од 2002 година за подобрување на судскиот сектор во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.