Два дена по укинувањето на најголемиот број на мерки, бројките на починати и заразени се уште се поразителни. Македонија не се симнува од врвот, споредено со земјите од регионот во справувањето со корона вирусот.

Но, тоа не му пречи на министерот за здравство Венко Филипче да тврди дека состојбата се нормализира и оти полека треба да се подготвуваме за избори.

Но, бројките и познавачите на состојбите не мислат така. Политичкиот аналитичар Клековски нагласува дека е потребно да се сруши митот за Филипче дека добро се справил со кризата и оти на тој начин власта ќе доживее дебакл .

Несомнено е дека Филипче од витез, како што се обидуваа да го престават со секојдневното појавување на прес конференции каде што само соопштуваше бројки небаре е портпарол а не министер, се претвори во џелат на народот. Џелат, е вистинскиот збор, ако се знае дека бара брзи избори, а секојдневно имаме десетици заразени и по некој починат.

Во конкретни бројки споредено со земјите од регионот тоа изгледа вака

Mакедонија има убедливо најлоши резултати во справувањето со корона вирусот. Податоците од „Worldmeter“, нашите бројки се најлоши ако се споредат земјите од нашето опкружување.

По бројот на заразени лица на еден милион жители само Србија има поголем број на случаи. Ние имаме 967 а тие 1284.

Во однос на починати лица, Македонија повторно е на врвот. Само Романија има поголем број на починати на милион жители, додека останатите земји се движат околу 20. По број на тестови пак, само Албанија и Бугарија се зад нас, додека пример треба да ни биде Словенија која има приближно исти број на жители но и 37. 000 тестирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.