Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција рече дека доколку се зголеми бројот на заразени со корона вирус на дневно ниво, тогаш повторно ќе се вратат рестриктивните мерки.

Доколку бројот на случаи се зголеми, тоа ќе значи повторно воведување рестриктивни мерки. Затоа аплираме сите да ги почитуваме мерките за носење маска, одржување дистанца и однесување според протоколите. Доколку ова се случува, немаме опасност за зголемување на бројката. Тоа е најважна работа за да ги намалиме бројките и со тоа да го враќаме животот во целосна нормала. Кризата не научи дека многу повеќе ќе треба да внимавме на начинот на кој се однесуваме, порача Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.