Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 725, активни 204
•       Куманово – 436, активни 35
•       Дебар – 51,
•       Штип-41, активни 6
•       Прилеп –210, активни 46
•       Тетово – 177, активни 82
•       Струга – 75, активни 8
•       Велес – 127, активни 41
•       Битола –28, активни 7
•       Охрид –23, активни 8
•       Кавадарци – 5,
•       Гостивар –21, активни 3
•       Гевгелија – 4,
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6,
•       Радовиш – 4,
•       Крушево – 3,
•       Кочани – 31,
•       Пробиштип – 2,
•       Кичево – 2,
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1,
•       Македонски Брод – 2,
•       Пехчево- 3,
•       Делчево-1,
•       Валандово -1,
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1,
•       Свети Николе-1, активни 1

Направени се 258 теста и тоа преку: ИЈЗ –193, Биотек -57, Систина со PCR метода -1  и МАНУ -7.  Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се шест пациенти, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.