Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово.

Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки.

 При прогласување на надминување на праг на алармирање и стапување на сила на краткорочните мерки согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, се зема предвид и временската прогноза од УХМР за наредните денови. Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови – умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.