Поранешната пратеничка од СДСМ, сега обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, Фросина Ременски во своето гостување во „Алфа“ телевизија открива детали и интриги за односот кој Вилма Русковска го имала осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Според нејзините тврдења за време на прославата на 1 ТВ, Русковска влегла во елемент и пеела караоке со Боки 13, нешто за што можат да посведочат повеќе присутни на забавата.


Јас лично Боки го запознав кога првпат отидов  да гостувам  на таа телевизија, а во ресторан сум била со него само кога беше прославата  на 1ТВ и толку беше од нашите седења и дружења по ресторани, рече Рускоска по првото рочиште на „Рекет“ во декември, но Ременски потврдува дека тоа не било само седење во ресторан.

Денеска на „Јутјуб“, пак, излезе и видеоснимка со наслов „Боки 13 со другарките“ на која се гледа како во домот на Боки, тој седи заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.