На охридското крајбрежје се уриваат плажите на струшкото се чекаат гости. Во изјава за „Сител“ струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е дециден дека плажите нема да се рушат и ова лето застанува на страната на концесионерите за како што вели да заживее туристичката понуда во градот преку изградба на туристички капацитети се со цел привлекување на што поголем број туристи на струшкиот брег.

Градоначалникот Мерко вели дека нема да никне ниту една градба на струшкото крајбрежје каде што се потпалуваат трски и ги осудува последните масовни опожарувања во близина на Калишта.

И додека градоначалникот Мерко тврди дека дел од земјиштето е приватно, граѓаните ги чистеле своите ниви па затоа потпалувале ,стружани и невладините стравуваат дека со палењето на трската се прави терен за изградба на нови нелегални градби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.