Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на „Канал 5“ се правдаше за денешното патување до Прилеп со хеликоптер. Рече дека ги слушнал критиките од граѓаните, оти тие треба да знаат дека било поевтино со хеликоптер отколку да патува со службениот автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.

Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите, рече Заев.

Но, премиерот заборави да напомене дека со министерот за здравство Венко Филипче кој го придружуваше од Прилеп за следната посета – Битола, заминаа со службените автомобили и придружбата, кои секако дојдоа од Скопје.

Што значи, дека не само што заштедил со ова возење, туку патот нè чинел дупло.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.