Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денес по една недела од случувањата за „Рекет” даде изјава пред јавност во која се извини зошто ја немало, и тврди дека не ја злоупотребила службената положба и овластување.

Јанева во изјавата ги охрабри надлежните органи да ја истераат постапка до крај.

Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ  и дека на дневна основа комуницира со лицето, кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена  должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што рече, „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест, рече Јанева.

Таа потенцира дека не знаела дека не само Боки 13, туку и други лица го злоупотребуваат нејзиното име за изнуди. Рече дека знае оти е чиста и дека со поднесената оставка покажала висока професионална свест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.