Пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, чиј син Виктор Стојчевски од вчера е вработен во ЕЛЕМ, не знаела дека Виктор се пријавил на оглас.

ЕЛЕМ имаше распишано јавен оглас. Мојот син прво аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижнини што исто така е државна институција“, вели пратеничката Стојчевска за „А1он“.

Таа ги негира тврдењата дека нејзиниот син Виктор добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината функција или глас за уставните промени, како што тврдеше портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Нашите деца секако ќе бидат вработени некаде, според нивните струки и образование. Имајте предвид дека се дефицитарни градежните инжинери. Колку што знам, тој сега е вработен во секторот за инвестиции, додава Стојчевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.