Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ денеска со почеток во 18 часот илјадници граѓани излегоа на улиците во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

По вчерашниот голем протест во Скопје, денеска граѓаните од поголемите градови низ Македонија се кренаа за зачувување на македонското достоинство, држава и интегритет.

Вака изгледаше вечерва Битола:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, од Куманово порача дека не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот, а било за слободна Македонија.

Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои на Костурница, но се разбира и многу борци што се родиле но и поколенија што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот, а се разбира било за слободна Македонија.
Затоа драго ми е што во Куманово се собираме да направиме протест но ги охрабрувам насекаде во државата, не само општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ туку сите граѓани да ни се приклучат дали со нивните возила, дали на било каков друг начин да посветат малку време да ја покажат нивната пркост бидејќи промените започнуваат од секој еден од нас.
Затоа уште еднаш сакам да потенцирам дека денеска сме во Куманово односно вечерва сме во Куманово, но продолжуваме со големи настани и во Скопје, а се разбира вечерва и во многу градови во Македонија. Борбата мора да биде на улицата бидејќи Зоран Заев мора да си замине, а сите ние ако сме гласни борбата ќе ја добиеме, рече Мисајловски.

Вака изгледаше вечерва Куманово:

Пратеникот Антонио Милошоски од Велес, пак, порача дека време е за оставка на Заев.

Заев не успеа да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа да го заштити достоинството на државата, не успеа да направи подобар живот што го нудеше. Успеа во две работи да направи многу предавста и успеа да да ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви. Затоа нашата порака е оставка за Заев, слобода за Mакедонија, рече Милошоски.

Вака изгледаше вечерва Велес:

Историјата не се решава со два потписи на политичари, порача вечерва од Охрид генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме.
Исто така сакам да порачам дека историјата не може да биде прашање за кое што ќе се договараат двајца лидери на две држави. Историјата не се решава со два потписи, порача тој.

Вака изгледаше вечерва Охрид:

„Не простувајте им, знаат што прават“, порачаа прилепчани на протестот.

Малку им беше продажбата на името со Грција, па сега тргуваат со најсветото. Особено за нас прилепчани, а тоа се нашите борци од народноослободителната борба. Се тргува со илјадници знајни и незнајни херои кои својот живот го положиле за борбата против бугарскиот фашистички окупатор и придонесле за слободата на Македонија.
Еве денеска прашувам оттука каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18-мина во масакрот кај „Дабница“. Од кого биле убиени народните херои Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифоски Питу и другите 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ.
Дали според нив загинале залудно борејќи се за својата држава?, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Вака изгледаше вечерва Прилеп:

Вака изгледаше вечерва Тетово:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.