Не треба да сте голем научник за да видите што треба да направите. Само треба да ги видите оние 4 услови кои што пред 18 месеци беа поставени, пред сè и над сè владеење на правото, нулта толеранција за корупцијата и криминалот. Вие не можете да одите во Европската Унија и да молите, да симулирате и да глумите дека сте за европски вредности, а истиот ден кога одите таму на шверцерски начин во собранието со класична злоупотреба на европското знаменце да доставувате закон за опојни дроги, со фокус на марихуаната кој што е бизнис на вашето семејство или на неколкумина кои што се блиски до вас, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за порталот „Слободен печат“.

Претседателот Мицкоски нагласи дека неговиот став е ист и непроменет а тоа е владеење на правото и безусловна борба против криминалот и корупцијата.

Мојот став и тогаш и сега е ист и непроменет, владеење на правото и безусловна борба против криминал и корупција. Вие не можете да правите од една страна коалиција со криминалот, а од друга страна да велите дека се борите против корупцијата и криминалот, објасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.