Во синоќешната емисија „КликПлус“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше за Законот за јазиците при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија никогаш не била против употребата на јазиците на етничките групи во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега стои на ставот како беше донесен законот, процедурата. Второ опсегот, трето употребата на тој јазик и четврто неприменливоста и спротивноста на Уставот. Тоа се 4 атрибути кои денеска Венецијанската комисија ги стави на маса, истакна претседателот Мицкоски.

Мицкоски во своето гостување дообјасни и кажа дека сега Веницијанската комисија вели дека ова е нивното мислење и тоа е непроменливо.

Таму стои дека вака како што е правниот систем во државата се доведува под знак прашање и неговата функционалност. Еден од основните Копенхашки критериуми е да имате функционален правен систем и сега како вие ќе се претставите пред партнерите во ЕУ. Како ќе напредувата ако основниот Копенхашки критериум не го почитувате, истакна Мицкоски.

Мицкоски во своето гостување додаде и дека вториот столб кој дојде во нон перјперот од страна на Франција точно и јасно стои дека според индикатори ќе се мониторира напредокот на секоја земја кандидат кон ЕУ , но исто време ќе се мониторира и имплементирањето на мислењето од меѓународните институции како што се Веницијанската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.