Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски ќе вработи 10 луѓе во својот тим за да може да води сериозна борба против корупцијата. Николовски на својот фејсбук профил вечерва објави дека Владата објавила оглас за вработување на 10 лица кои со својата експертиза и посветеност ќе му се приклучат во борбата против корупцијата.

„Сузбивањето на корупцијата и криминалот, бара максимална екипираност и посветеност. За таа цел, за потребата од сериозна борба против корупцијата денеска објавивме оглас за вработување 10 лица. Идните членови на тимот, ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување“ стои во статусот на вицепремиерот Николовски.

Т

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.