Нашите забелешки се принципиелни, ние велиме дека најпрвин човечките ресурси со кои располага СЈО се проблематични. Тие се комплетно контаминирани со „Рекет“ и не може да се се вратат во ова ново формирано обвнинителство. Внукот на Јанева, идната снаа на Јанева, братучеди, синови и ќерки на други обвинители кои се сега дел од СЈО, со овој нов закон се предвидува сите овие луѓе да бидат префрлени во новото обвнинителство, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за сител ТВ.

Како што додаде тој, предложување на нов прв човек како Русковска на ова тело од е неприфатливо, а како човек со кредибилитет за оваа позиција Мицкоски го спомена господинот Владимир Панчевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.