Доволно е да ги споредите претходните и сегашниот министер за внатрешни работи, вели полковникот Драган Ковачки, кој смета дека ВМРО-ДПМНЕ доби големи поени со професионалец како Наќе Чулев.

Внимавајте, зборуваме за министер во технички мандат, кому му е доверен мандат да ги организира и спроведе изборите. Но, тој покажува резултати достојни за почит. Само во првите пет месеци на територија на Град Скопје за пет пати е зголемено фаќањето на марихуана, амфетамини, хероин и кокаин, за истиот период од минатата година. За 30 отсто е намален бројот на кривични дела, кога министер беше Оливер Спасовски. За 50 проценти е зголемен бројот на откриени кривични дела во споредба со цела 2019 година. Тоа се бројки достојни за почит, рече Ковачки во вечерашната „Заспиј ако можеш“.

Ковачки додаде дека Чулев има опозиција и надвор, но и внатре.

Не можам да прифатам такво однесување од потчинетите на Чулев. Не може да се случи министерот да праќа една телеграма со одредени насоки кон вработените, за да после половина час или еден ден, телеграма со слична содржина, но со различни насоки да испрати неговиот заменик министер. Тоа за мене е незамисливо. Тоа е едно министерство и треба да функционира како едно тело, потенцираше Ковачки.

Потенцираше дека политиката во овие моменти треба да се остави надвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.