Љупчо Ристовски, претседател на Интегра во емисијата 24 анализа изјави дека секој премиер и влада со доаѓање на власт имаат обврска да го стават судството да суди според слобода на закон и сопствената совест на судиите. Независноста на судството како компонента на владеење на правото е услов без кој не се може.

„За мене и ова е задоцнета реакција, покажува висок степен на зависност на судството од извршната власт, зошто процесите се случуваат по одредени политички најави, политички пораки и потоа се разбранува јавноста и под притисок на јавноста реагира судството.“ – вели Ристовски.

Тој вели дека пред судот ќе бидат финалните одлуки. Не може да се случи премиерот или високи челници во СДСМ предвреме да ги најавуваат судските одлуки.

Претпоставувам дека тоа е правено во кулоари, правено е со меѓшусебно знаење и веројатно во фазите ќе се обидат да понудат и заштита во тој дел, но сепак го сметам за шпекулација, вели Ристовски и потенцираше дека не може изјави на премиер да бидат претходница на судски одлуки – вели Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.