Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, рече дека одговорност за бегството на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков мора да има, бидејќи актуелната влада на СДСМ ја добила довербата на граѓаните за да донесе правда, посочувајќи дека трет пат се случува малтене една иста работа и дека правдата е бавна.

Не е добро. Не е добро затоа што оваа политичка гарнитура која што јас ја претставувам денеска, а не е едноставно да ја претставувам, доби доверба од граѓаните за да донесе правда, но очигледно е бавна. Втор пат, односно трет пат господинот Давидовиќ спомна се случува малтене една иста работа, вели Деспотовски.

Според Деспотовски, ваквото случување влијае на одлуките на домашните бизнисмени, но и на странските бизнисмени.

Тоа што ние дискутираме внатре, влијае на одлуките на домашните прво бизнисмени, а потоа на странските бизнисмени. Значи ова не е никакво оправдување, вели Деспотовски.

Одговорност мора да има, значи еднаш мора да ставиме цртка и да кажеме, да кој работи и греши, меѓутоа не смееме да дозволиме одредени грешки да ни се случуваат во неколку наврати, истакна тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.