Не ли ти е срам Никола Димитров?, го прашува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој денеска, на Денот на независноста на Македонија, 8 Септември на својот профил на фејсбук го сподели постерот од референдумот во 1991 година.

Не ли ти е срам Никола Димитров? Имаш ли трошка достоинство? Подалеку рацете од постерот за Референдумот ’91!
ТИ лани тргна против тој Референдум и Македонците те отфрлија! Се да се изгнасело, се да се избришело, се да се фалсификувало, пишyва на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.