Стоп нека престане вревата, затоа што на премиерот му се попуштени нервите поради тоа што е трајно неспособен и му сметаат силни звуци како што бевме впрочем сведоци и во Собранието на Република Македонија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

-Премиерот работи 15 часа на ден и потпишува важни документи затоа му е потребна голема концентрација, која поради тоа што е трајно неспособен му е тешко да ја постигне. Тој потпишува важни документи, ја решава енергетската криза и подготвува нов сет на барања кој експресно ќе ги исполни кон Бугарија. Криминалот, криминалот ќе си продолжи, тоа на премиерот не му смета, не му оди на нерви, тоа ќе си биде како до сега, така и отсега, вели Попов.

Тој додава дека уште еднаш апелирам, намалете со свирките и галамата кога поминувате пред Влада, на премиерто му се слаби нервите, тој е трајно неспособен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.