„Северна“ е само повод за барањето за разрешување на техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, но не и причина, смета Димитар Апасиев од Левица.

Ај не нè правете будали у здрав мозок. РАШЕЛА не ја разрешуат заради „Северна“, туку оти и ги откри сите гомнарии на пресветата Царовска , пишува Апасиев на Фејсбук.

Ха ха ха, јас немам Фејсбук. Ова е коментарот на претседателот на Собранието Талат Џафери на повикот на пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски собранискиот спикер сега и веднаш да ја закаже собраниската седница за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.