Не исполни ништо од она што тој го рече, освен дека ќе јаде живи луѓе, коментира Тони Михајловски по веста декапо новата програма за музичко во основните училишта македонската химна нема да се учи.

Актерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека од друга страна, Зоран Заев исполни сè што рекова тие, неговите политички противници.

Смени име, продаде историја, го забетонира идентитетот и го фрли во длабокото, ја банкротираше и ја ограби државата, го предаде македонскиот народ, ја закопа иднината. Еве сега и химната е на ред.

 

Не исполни ништо од она што тој го рече, а рече и вети многу. Освен дека ќе јаде живи луѓе, од чистачка до директор, пишува Михајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.