Го знаете оној либералон Милески што тропа: зошто бе толку критики за Владата, па што ако Филипче и Заев возеле мотори, па што ако Рашковски отишол во Мексико.
Мислам не го знаете и нема по што да го знаете, стана познат што некој му ја ѕвекна една на Плоштад, сега гледаме дека мошне веројатно со право.
Види, кога веќе до овој степен им смета критика и мора вака дрско да се лигават пред газдите и во јавност, ти кажува дека се во краен стадиум на целебрална смрт и реалноста тотално не ја гледаат.
Не гледаат колку “државата” е во курац, дека секој функционер си тера и краде кај ќе му прдне, дека веќе нема “П” од некаква политика, дека не само што сите политики им пропаднаа, од ЕУ до Економија, Правда или Опшество, туку и она што е есенцијално, пример здравство и комуналии, не можат бе ништо да сработат, само се доуништува ситуацијата.
Вакви неспособњаковичи и вакви неработници, дури и оваа успана земја не видела до сега.
Само лапање и крадење ги занима.
И најјако е дека не го читаат бесот кај народот, дека не гледаат дека граѓаните им се кивни и колку јако ќе ги казнат. Јок бре.
А можеби и со право не сметаат за вакви будали, па видете што излезе од сиот бунт, таа наводна Шарена, излезе тотална катастрофа, и кој утре пак ќе се буни за нешто, па овие го убија последниот атом на надеж кај народот.
И така, сега ќе си седнат со Мицко и ќе си се договараат, толку им е силата, толку им се реформите: заеби работа и седни со опозиција прај дилови.
Ужас без крај е ова…

Фејсбук статус на аналитичарот Ивор Мицковски.

Го знаете оној либералон Милески што тропа: зошто бе толку критики за Владата, па што ако Филипче и Заев возеле мотори,…

Posted by Ivor Mickovski on Monday, 29 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.