Гласачи во Штип забележале дека уредите за отпечаток од прст за гласањето затајувале најмногу кај повозарасните лица. Затоа, речиси на сите избирачки места има застои во гласањето, но комисиите и нивните технички лица се обидуваат застоите брзо да ги остранат. Ако уредот не може да земе отисок, се преминува на рачно земање отпечаток од двата позакалци, пишува СДК.мк.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) во Штип Виктор Вацев, не ја отфрла и таа можност за повозрасните лица, кои од земјоделските и домашни работи навистина имаат пооштетени прсти, па овие лица даваат отисоци на стариот начин, а не на уред. Досега има барање да биде заменет само еден апарат, но дефектот веднаш го решиле техничките лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.