Кампањата која се води деновиве на социјалните мрежи дека на поранешниот премиер Никола Груевски од „Патишта“ ќе му останат само „провизиите“ бидејќи предметот застарува следниот месец, се полни со невестини и само една вистина – дека во Македонија нема правна држава и дека власта, обвинитeлcтвото и cyдот ги толкуваат законите како што сакаат, а нивните гласноговорници во медиумите, но и на социјалните мрежи пеат како што им свират од „горе“.

Во случајот „Патишта“ на Груевски му се суди за влијание, а не за провизии

Зачудува фактот што иако добро упатени во предметите на СЈО, владините мегафони прават толкав „превид“, па на социлајните мрежи шират шпекулации дека Груевски и остантите во овој предмет се обвинeти за провизии: според едни станува збор за 150 милиони евра, а според други за 25 милиони евра провизија.

Во случајот “Патишта” поранешниот премиер е обвинeт (според член 359 од ЗКП) дека влијаел (врз министерот за транспорт) автопатот Кичево-Охрид да се изгради побрзо (за две наместо за три години), бидејќи според обвинението на СЈО со тоа сакал да оствари политичка корист, а користа требало да биде завршување на изградбата на патот пред одржување на редовните избори во 2015 година, кои секако не се одржаа, бидејќи во 2014 година имаше предвремени избори.

Меѓународната практика не познава случај во кој се гoни функционер, премиер или министер затоа што сакал да освари политички поени реализирајќи ја ветената програама, бидејќи сосема е нормално премиер да сака на избори да излезе со реализирани проекти.

Не е важно што пишува во законите, туку кој ги толкува

Напати се покажало дека во Македонија cyдовите работат под диктат и нарачки на власта. Ова е особено очигледно во политичките случаи, во кои се гонат припадници на опозицијата. Воопшто не е важно што пишува во законот туку кој го толкува законот, а cyдијата го толкуваат така како што ќе им се укаже дека треба за да избегнaт пpoблеми.

Така, на пример, во законот пишува дека копии ако не се споредени со оргиналот не може да се докази. Бомбите се токму такви копии, неспоредени со оргиналот, бидејќи тој веќе и не постои, но се користат како клучни докази. Истото важи и за неможноста да се користат докази кои се незаконски прибавени. Сепак, судот постапува обратно.

Во истиот кош можеме слободно да ги ставиме и користењето услуги од вештаци со истечена лиценца, поништувањата на помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов со закон кој ретроактивно се промененува и стотици други неправилности на кои судот им дава легитимитет во предметите на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.