Ставањето на Охрид во листа на опасност на УНЕСКО воопшто не е таква трагедија како што е претставена во јавноста, рече денеска охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, по средбата со еврокомесарот Дејвид Гир кој денеска го посети Охрид. Градоначалникот Георгиески информира дека на средбата било разговарано за тековните прашања во општина Охрид, со посебен акцент на статусот на Охрид во УНЕСКО во имплементација на препораките и нацрт-извештајот.

Одговарајќи на новинарски прашања градоначалникот забележа дека УНЕСКО ги заострува критериумите во цел свет и оти листата на загрозени подрачја од година во година се зголемува.

Ставањето на Охрид во листа на опасност, воопшто не е таква трагедија, како што е претставена во јавноста. Доколку се случи тоа нешто ние треба да ги дуплираме нашите напори и како локална самоуправа и како држава да направиме план и сите препораки да ги имплементираме побрзо, рече Геогриески.

Охридскиот градоначалник се надева дека УНЕСКО ќе ги забележи позитивните промени и регионот ќе го задржи статусот.

Цело време испраќаме прогрес рипорти. Такви извештаи за ставање Охрид на црна листа сме имале и претходно, па на сесија не се носело таква одлука. Ама ќе видиме каков ќе биде одговорот на УНЕСКО во однос на забелешките што ќе ги испратиме. Битно имаме ние комуникација сега со УНЕСКО и со советодавните тела за разлика од минатото. Се менаџира целата работа, истакна Георгиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.