Денеска во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, на премиерот Зоран Заев му беше врачена плакета за неговиот придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба, од страна на претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговарало за важноста на поддршката на ветераните од Втората светска војна за постојано да се промовираат придобивките од борбата против фашизмот кои секогаш треба да потсетуваат на најголемото зло за човештвото во 20-тиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.