Во време кога СДСМ има историски најлош рејтинг досега за партијата, кога и онаа третина од членови кои не им избегаа во ЗНАМ се раскарани меѓусебе и кога и самите знаат дека не е Венко Филипче оној кој им ја води партијата, тој на последниот конгрес ја избира:
Фани Каранфилова – Пановска
СДСМ сака кога заменик претседателите им се жени. Веруваат дека така се покажува рамноправност (ха ха).
Арно ама, овојпат дотолку немаа кого да најдат, па доведоа неполитичар на така висока функција, и тоа пред прагот на локалните избори. Може сметаат дека и тие четири општини што сега ги имаат им се премногу.
Личност која „во себе ги носи социјалдемократските вредности“, како што би рекол Филипче. „Нова свежина“, како што ја најавуваат од партијата.
Всушност, да не беше трагично ќе беше смешно што токму Фани Каранфилова – Пановска е новиот заменик претседател на СДСМ. Таа, пред сè, е поранешен директор на фондацијата „Отворено општество“, седиштето на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија. Знаете, тоа е продукцијата што во Македонија ги донесе филмовите „Шарена револуција“, „бомбите“, Зоран Заев, промената на името и сè што следеше потоа.
Како лица што носат фолија на главата ги правеа оттаму сите што ќе кажеа дека СДСМ е кукла на конци на фамилијата Сорос и нивната агенда за Македонија. За на крај да изберат некој што со години бил гаен од тие валкани и пусти соросоидни пари. Урнебес.
Од ВМРО-ДПМНЕ споделуваат дека за функцијата земала по 3.400 евра плата. Значи имаме бројка за колку евтино се распарчува татковината.
На тема „Сорос“ вреди да се каже и дека скопската канцеларија на фондацијата се затвори пред две години, па сега сите проекти одат преку седиштето во Тирана. Што и за лаик е лесно да види што зборува тоа за способноста на Фани.
Ама што знаеме ние, ние сме само „џавкачи“. Така барем ги нарекува неистомислениците, без разлика колку побројни се од него и нему сличните, сопругот на Фани, Мартин Пановски. Во нивните медиуми го пишат како реномиран архитект. За нас „џавкачите“ е некој што нè убедува дека висококатниците кај „Холидеј ин“ нема да донесат дополнителен хаос и бетон во и онака затрупаниот Центар, туку ќе изобилуваат со зеленило. Во нивниот речник зеленило се саксиите на балконите.
Да се вратиме на неговата сакана.
Сигурни сме дека повторно ќе ја избереме Каранфилова – Пановска за личност на неделата. На крајот на денот, можеби нема искуство како политичар, но има со манипулација на граѓаните. Комбинацијата на надобриот пријател на Заев (поздрав до оние што сфаќаат колкав неепитет е ова) и некој што носел маичка од СЈО сигурно нема да ѝ донесе добро на СДСМ.
Среќа што веќе не се фактор што може да ѝ донесе нешто, добро или лошо, на Македонија.
Марина Милановиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.